Кампањата е поддржана од USAID, а имплементирана од Здружение ЕСЕ и има за цел да ја подигне свесноста за проблемот на семејното насилство и да ги охрабри жртвите да го пријават насилството. Кампања за против смејното насилство - Здружение ЕСЕ

Прикривањето на семејното насилство дава лажна надеж дека работите ќе станат подобри.
Пријави на 02/311 78 66 или на semejnonasilstvo.org.mk

Проектот на УСАИД за правна заштита на жените спроведен од Здружение ЕСЕ го објавува почетокот на кампањата "Одбери крај - не прикривај" за промоција на услугите за жените - жртви на насилство.

Првиот дел од кампањата е фокусиран на семејното насилство како најраспространета форма на родово засновано насилство и ќе се состои од: брендирање на огледала во кафулиња, брендирање на автобуски станици, поставување на информативни материјали во автобусите и објавување на кратки видео содржини преку социјалните медиуми.

Кампањата е насочена кон подигнување на свеста за овој проблем, како и за охрабрување на жртвите на семејно насилство за пријавување на претрпеното насилство. Главното мото на кампањата е: "Прикривањето на семејното насилство дава лажна надеж дека работите ќе станат подобри."

Брендирање на автобуки постојки

Брендирање на огледала во кафулиња

Дизајн: perfect.agency